Book Now!
j*k

Локација  – VillaLithea-NeaPotidea-Greece

House Lithea се наоѓа во Неа Потидеа на прва линија до плажа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна.
Плажа – Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.
Опис на објектот
Вилата е составена од два објекти А и Б.
Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис.
1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.
GPS Координати: 40.1887778, 23.3391111
Клима уредпт и wi-fi: вклучени вп цената.
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
На промо цените НЕ следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. Истите треба да бидат резервирани со 50% аконтација.