Book Now!
с*а

Локација : Greece,Sivota-villa Julia

Вилата  е сосема сигурно еден од најубавите објекти за сместување во Сивота. Нејзината локација која е во близина на главното шеталиште и на малата марина, добро опремените студија, убавиот голем двор со ѕидана скара, маса и столици кои можат да ги користат гостите и нејзината околина, сосема сигурно и визуелно ја издвојуваат од повеќето куќи во непосредната близина. Можноста за убав и пријатен одмор во прекрасната природна околина, е дополнително зголемена со одличниот сервис кој го нуди персоналот на споменатиот објект.



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
– За четврто лице (во заеднички кревет) во JULIA “B” (STD 1/2+1*) се доплатува 11 € за возрасен / 5 € дете до 12 г. од ден, каде што е достапен
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
   Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !


НАПОМЕНA:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.