Book Now!
ig*a

Ормос Панагијас се наоѓа на источната страна на Ситонија, на само 2,5 км од Агиос Николаос и на околу 115 км од Солун. Оттука поаѓаат бродовите за крстарење околу Света Гора, како и организирани екскурзии до островот Амулијани, кој е најголем остров во овој дел на Халкидики. Во непосредна близина, на околу 500 метри се наоѓа една од најубавите плажи на Ситонија, Трани Амуда, која е долга 3 км. Локалното население е познато по производство на Tsipouro-јак локален пијалок, кој го произведуваат на старински начин
Куќа “Maria Karga” се наoѓа на самиот влез во местото, на околу 100 метри оддалеченост од море. Вилата располага со двокреветни, трикреветни и четворокреветни студија. Секоја соба има комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса.
Локација: villa-maria-karga



Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.