Book Now!
с*а

Локација : Greece,Parga-villa Mathina

Вилата  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав, овој објект брои неколку студија кои се опремени со потребен мебел, сопствен тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, ги издвојуваат како одличен објект за сместување при престојување во прекрасната и единствена Парга. Вилата има убаво уредендвор со ѕидана скара, маса и столици.



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
За пакет аранжман (сместување + автобуски превоз) одобруваме -30 € попуст
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
   Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.


НАПОМЕНA:

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.


Автобуски превоз за ЈОНСКИ БРЕГ, според табелата од пакет аранжманот
Место и време на поаѓање:
Скопје        00:30 h         (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес         01:00 h         (БП, мотел Македонија)
Градско      01:10 h         (патарина Градско)
Росоман      01:20 h         (БП Црна Река петрол 1)
Прилеп       02:15 h         (БП Лукоил)
Битола        03:15 h         (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: истиот ден попладне
+

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)

Куманово      23:00 h *    (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар       22:00 h *    (паркинг кај Дом на култура)
Тетово          23:00 h *    (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани         23:00 h *     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип            23:45 h *     (паркинг пред пошта)
Радовиш       23:00 h *     (БП Макпетрол)
Струмица      23:45 h *     (паркинг пред Тинекс)
Кичево         01:00 h        (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга          01:15 h        (хотел Дрим, трафики)
Охрид           01:30 h        (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен           02:15 h         (спроти автобуска станица)
Кавадарци    01:20 h         (БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково)
* Превоз со конекција од градови обележани со “*” поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.