Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl*trs*kav

Вилата Mersinis во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се што Ви е потребно за вистински одмор: комфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“ ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот можете да пазарувате во мини маркетот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата Mersinis“ има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација – Villa-Merisios-Neos-Marmaras

-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019


Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во листи соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хихиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )