Book Now!
fal*on

Вила „MАRY 1“ – Скала Сотира

Вилата се наоѓа во Скала Сотира на 170 метри од плажа. Во состав на вилата има и базен чие користење е бесплатно за гостите од вилата. Сите соби располагаат со комплетно опремена кујна, купатило, ТВ и клима уред. Доплата за користење на клима уред во студиата е 5€ на ден. Двокреветните студиа се со брачен кревет, комплетно опремена кујна и бања, 1/3 студија имаат еден брачен кревет, едно стандардно легло, комплетно опремена кујна и бања. Сите соби располагаат со големи тераси, дел од нив се свртени кон море а дел кон градина. Вилата има идеална локација за мирен одмор. Природата во околината и базенот Ви нудат дополнително уживање.
Локација : Villa-Mery-Skala-Sotaria



Напомена:

  • Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице. (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО – плаќа само превоз доколку користи)
  • Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман/студио за 9 ноќевања без вклучен превоз
  • За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена
  • За хигиената во студијата/апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
  • Во секое од студијата/апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
  • Доплата за користење на клима уред: 5€ на ден за студио
  • Постелнината во апартманите/студијата се менува еднаш за време на престојот
  • Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на студијата/апартманите е во 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
  • При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Напомена:

  • Согласно законот и правилата во Р. Грција, базенот во вилата има работно време кое гостите треба да го почитуваат.
  • забрането е консумирање на пијалоци на базен доколку не се купени од барот на вилата

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.