Book Now!
fal*on

Вила „Mesimvria“ – Скала Потамиа

Вилата се наоѓа на 500 метри од најубавата плажа на островот Golden Beach, а оддалечена од  центарот на Скала Потамиа на околу десетина минути пешачење. Позади вилата има паркинг за гостите на вилата. Вилата поседува wi-fi и клима уред (со доплата од 5€ на ден). Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија на прв и втор кат и во секое од нив има комплетно опремени кујни,ТВ, Wi-Fi, клима (со доплата од 5€ на ден),сопствени балкони…
Локација : Villa-Mesimvria-Skala-Potamia



Напомена:

  • Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
  • Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
  • За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
  • Во цената на аранжманите не е вклучено користењето на клима уредот и се доплаќа 5€ на ден.
  • За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
  • Во секој од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
  • Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
  • Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е во 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
  • При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.