Duration: 31.01.2019
Price: -15%Early booking : -15%
Book Now!
mag*an

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.
Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите  Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос со површина од 50 км2 и преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Агиа Параскеви, Трулос, Кукунариес, Банана Бич, Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.
Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.
Вилата „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.
Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е  оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.
Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).

Локација : Villa-Nikos-Skiatos


-15% попуст за целосна уплата до 31.01.2019


Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез вообјектите е следниот ден.


НАПОМЕНИ:

  • Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште .
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Минимум две лица во студио. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
  • Поаѓање: Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј ИН во 22.30ч. Поаѓање е во 23.00ч. Агенцијата го задржуваправото за промена на времето на поаѓање во случај на промена на времето на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд.
  • Сите попусти за деца и трето лице важат при сместување со две возрасни лица.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Само автобуски превоз
    – 110 еур за возрасни / еден правец: 80 евра.
    – Деца до 12 год 65 еур / Еден правец 45 евра
  • За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе (на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.
  • По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата..