Duration: 31.01.2019
Price: Early Booking :
Book Now!

sa*a

Вила Пандора се наоѓа на одлична локација во Псакудија, оддалечена е на 90 метри од плажа, па поголемиот дел од апартманите имаат поглед на море. На располагање на гостите се студија за три или четири лица, како и апартмани за три, четири или пет лица. Сите единици за сместување се опремени со ТВ, клима уред, тоалет, кујна и тераса. Паркирањето е дозволено пред самиот објект.
Локација : Villa-Pandoras-Pskudia



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
За пакет аранжман (сместување + автобуски превоз) одобруваме -30 € попуст.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт PANDORAS (каде што е достапен)
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:  35 €  (25 € за деца 2-12 год.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
  • Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

НАПОМЕНA:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Автобуски превоз за СИТОНИЈА

секоја недела, од 19.мај до 29.септември
Место и време на поаѓање:
Скопје     06:00 h   (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес      06:30 h   (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино  07:00 h   (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово      07:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Гевгелија 08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)

Куманово    04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево       04:30 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:30 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен         04:00 h      (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп       05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци  06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш     05:45 h     (БП Макпетрол)

Струмица    06:30 h     (паркинг пред Тинекс)