Location: Kalithea
Book Now!
ј*к

Локација – VillaPoppis-Kalithea-Greece

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.
Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.
Сите соби се двокреветни со спален кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.
GPS Координати: 40°04’31.1″N 23°26’52.4″E
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата
Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкд

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација. 


ВИЛА ПОПИС –  КАЛИТЕА
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќевања 1/2   (студио за 2 лица) Промо цени на кој не следува попуст
18.05-25.05.2019 7 59 Промо Цена
25.05-01.06.2019 7 89 Промо Цена
01.06-08.06.2019 7 139
08.06-15.06.2019 7 189
15.06-22.06.2019 7 229
22.06-29.06.2019 7 279
29.06-06.07.2019 7 299
06.07-13.07.2019 7 339
13.07-20.07.2019 7 369
20.07-27.07.2019 7 369
27.07-03.08.2019 7 369
03.08-10.08.2019 7 359
10.08-17.08.2019 7 329
17.08-24.08.2019 7 299
24.08-31.08.2019 7 239
31.08-07.09.2019 7 189
07.09-14.09.2019 7 139
14.09-21.09.2019 7 99 Промо Цена
21.09-28.09.2019 7 59 Промо Цена


Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:



ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ
 од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур попуст за Битола и Прилеп
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасни лица над 63год – попуст од 10еур


ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Важат Општите услови на СКТМ и Ви Травел

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • 5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
  • 4:00 Скопје (Дрводекор)
  • 4:30 Велес (БП мотел Македонија)
  • 5:00 Неготино (БП Неготино)
  • 5:40 Удово (БП Удово)
  • 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • 4:00 Битола (пред спортска сала)
  • 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола