Duration: 18.01.2020
Price: Early booking -7% :
Book Now!
и*а

Куќата “Sakis”  е лоцирана во мирниот дел од гратчето Торони, на 30 метри оддалеченост од 30 плажа.Објектот располага со двокреветни студија на приземје, опремени со брачни кревети каде е сместена и комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима.
Трикреветни студија на прв и втор кат, опремени со брачен и единечен кревет каде е сместена и комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима.
Четирикреветниот дуплекс апартман е  со две одвоени спални соби, два тоалета и одвоена комплетно опремена кујна, тераса, тв, интернет, клима.
Локација: Villa-Sakis

Туристичката такса се плаќа во агенција, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман (220 мкд за престој од 7 дена).  


За целосни уплати до 18 јануари: -10% за сезонски цени | -7% за вонсезонски цени


Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 лице

24.5-31.5

7

79

35

31.5-7.6

7

99

35

7.6-14.6

7

119

35

14.6-21.6

7

149

35

21.6-28.6

7

169

35


Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

1/2 + доп. легло

28.6-7.7

9

389

469

7.7-16.7

9

439

479

16.7-25.7

9

479

519

25.7-3.8

9

509

559

3.8-12.8

9

509

559

12.8-21.8

9

509

559

21.8-30.8

9

499

529


Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 лице

30.8-6.9

7

159

35

6.9-13.9

7

139

35

13.9-20.9

7

109

35

20.9-1.10

10

99

35


  • Напомени и услови:

    • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
    • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
    • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
      За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
      За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
      Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
    • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
    • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
    • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
    • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
    • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
    • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
    • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
    • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
    • Туристичката агенција „Игуана“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
    • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.