Duration: 31.03.2019
Price: Early booking :
Book Now!
с*а

Локација: Greece,Polichrono-villa Stasha

Вилата STASHA Apartments се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од околу 190 метри од градската плажа. Во својот состав брои голем број на двокреветни и трокреветни студиа, како и апартман за сместување на своите гости. Единиците се распоредени во модерна зграда, со приземје, прв и втор кат. Единиците нудат можност за квалитетно сместување, со користење на сопствена кујна, тоалет, балкон или тераса. Опремени со клима уред и ТВ, овие единици навистина даваат одлични услови за комфорен одмор. Дворот на вилата е мал со плочник. Паркирањето на возилото покрај плацот на вилата, како и нејзината блиска оддалеченост од центарлните содржини во Полихроно и градската плажа, овозможуваат услови за одличен одмор.



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
Попуст -30 € на вкупната цена при резервација на пакет аранжман (сместување + автобуски превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт STASHA (каде што е достапен)
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 € (25 € за деца 2-12 год.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
  • Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

НАПОМЕНA:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Автобуски превоз за КАСАНДРА
секоја недела, од 19.мај до 29.септември

Место и време на поаѓање:
Скопје      06:00 h     (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес       06:30 h     (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   07:00 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово        07:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Гевгелија   08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово     04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар      03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово         04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани        04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип           05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево        04:30 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга         03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:15 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          04:00 h     (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци   06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      05:45 h     (БП Макпетрол)
Струмица     06:30 h     (паркинг пред Тинекс)