Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl*t*kav

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни  апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер,основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Локација: Villa-Talassinos-Nea-Plagia


-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019


Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Напомени : 

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00, а собите ги напуштање последниот ден во 09:00 по локално време
  • Користење на клима уредот е вклучен во цената
  • Организиран превоз Скопје – Неа Плагиа
    – 35 евра повратна , деца од 2-12г. 25 евра , деца до 2г бесплатно ( без седиште )