fbpx
Book Now!
igua*a/ atl*trs*kav

Вилата Vrahos се наоѓа на само 20 метри од плажата во Каламитси. Вилата има апартмани на приземје, прв и втор спрат и е градена во традиционален стил, со долги заеднички тераси кои имаат директен поглед кон преубавиот залив. Во сопствен закуп имаме два пространи четирикреветни апартмани на прв и на втор спрат кои се целосно реновирани и одлично опремени. Минатата летна сезона сите наши гости беа презадоволни од овие сместувачки капацитети и условите кои ги имаа за време на своето летување. Апартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг, а гостите имаат на располагање заеднички двор на платформа и место за подготвување скара.
Локација : VIlla VRAHOS~Kalamitsi


Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
31.5-7.6 7 99 35
7.6-14.6 7 119 35
14.6-21.6 7 149 35
21.6-28.6 7 169 35

Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/4 апартман
28.6-7.7 9 625
7.7-16.7 9 695
16.7-25.7 9 755
25.7-3.8 9 755
3.8-12.8 9 755
12.8-21.8 9 715
21.8-30.8 9 655

Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
30.8-6.9 7 169 35
6.9-13.9 7 149 35
13.9-20.9 7 119 35
20.9-1.10 10 119 35

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица.
  • За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите,