fbpx
Book Now!
ig*na


Положба: Куќа „Врахос“ е лоцирана на самото шеталиште, на прекрасната плажа во Каламици. Сите соби имаат отворен, прекрасен поглед кон море.
Содржини: Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите. Сите апартмани се четирикреветни и се сместени на вториот кат од куќата. Со големи целосно опремени кујни, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. До куќата има таверни и маркет.


Вонсезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
30.5-6.6 7 99 35
6.6-13.6 7 119 35
13.6-20.6 7 149 35
20.6-27.6 7 169 35

Cезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/4 АПАРТМАН
27.6-6.7 9 625
6.7-15.7 9 695
15.7-24.7 9 755
24.7-2.8 9 755
2.8-11.8 9 755
11.8-20.8 9 715
20.8-29.8 9 655

Вонсезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
29.8-5.9 7 169 35
5.9-12.9 7 149 35
12.9-19.9 7 119 35
19.9-1.10 12 119 35

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1860 мкд. (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.