fbpx
Duration: 07.12.2022
Price: 189€Сигурна реализација : 189€
Book Now!
mag


ЗАГРЕБ со посета на ЉУБЉАНА


1 Ден    07.12 Среда СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 21.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 Ден    08.12 Четврток  ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќн
aта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.

3 Ден    09.12 Петок  ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

4 Ден    10.12 Сабота  ЗАГРЕБ–СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  189 евра


 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
  • Сместување во хотел 3* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Загреб со локален водич
  • Посета на Christmas market
  • Посета на шопинг центар “Arena Centar”
  • Oрганизација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Љубљана 40 евр
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристичка такса
  • Доплата за избор на седиште во автобус 10 евра

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Ви Травел .