Незаборавно патување во Вечниот град

Дестинацијата која барем еднаш треба да се најде на списокот патувања на секој човек, несомнено е Вечниот град, незаборавниот Рим.

Оваа пролет, Ви Травел ве води на патување во главниот град на Италија, Рим. За време на ова патување ќе имаме можност да посетиме дел од најзначајните историски споменици кои му пркосат на времето и сведочат за една од најважните етапи во развојот на цивилизацијата.

Помеѓу другото, ќе го посетиме римскиот Колосеум, центарот за забава на народните маси во Римската Империја, каде што се одржувале борбите со гладијатори, јавните погубувања со лавови и многу други настани.

Ќе ги погледнеме: и Шпанските скали, познати како „дневна соба на градот“; Фонтаната Ди Треви, во којашто илјадници туристи секојдневно фрлаат парички посакувајќи повторно да се вратат во Рим; Пантеонот; прекрасниот плоштад Кампидољо; Римскиот Форум и уште многу други знаменитости… 

Секако, посетата на Рим не би била потполна доколку не влеземе во најмалата држава на светот – Ватикан. Домот на Папата и збирното место на најголемата религија на светот ќе ни понуди разглед на: бројните музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии; незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен лично од Микеланџело, со уникатни ремек дела; како и најголемата Црква на светот – Св. Петар.

Не ја испуштајте можноста и вие да ни се придружите на ова незаборавно патување!

Leave a Reply

*