We Travel Macedonia е туристичка агенција со лиценца „А“, тимот кој ја формираше и стои зад името е со долгогодишно работно искуство во областа на туризмот кој има високи цели за подигање на нивото на услугата, туризмот и посветеноста.

Поради динамиката која ја создаваме во We Travel создаваме можност и простор за надградба, обука и кариера во оваа област.

We Travel Macedonia преферира креативни, професионални, динамични и посветени млади луѓе кои се гледаат во светот на туризмот, кои сакаат да патуваат, кои се комуникативни и сакаат да работат со луѓе.

Отворен оглас до 20.05.2018 за две работни места, едно во Штип и едно во Струмица

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ

 

Опис на работното место:

  • Прецизно информирање на клиентите за нашите туристички понуди и аранжмани.
  • Резервација и продажба на туристички аранжмани
  • Обработка на барањата на клиентите
  • Комуникација со деловните соработници
  • Креирање стратегија за зголемување на продажбата и осмислување на нови продукти.

 

Услови:

  • Пожелно е работно искуство во директна продажба и работа со клиенти
  • Минимум завршено средно образование. (Предност имаат кандидатите со завршено високо образование од областа на туризмот)
  • Познавање на англиски јазик ( знаење на повеќе странски јазици ќе се смета за предност)
  • Работно познавање од компјутери (MS Windows и MS Office пакет)

 

Способности:

  • Одлични комуникациски, преговарачки и организациски вештини
  • Ориентираност кон клиенти
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Способност за работа со поставени таргети
  • Тимска работа

 

Ви нудиме:

  • Пријатно работно опкружување
  • Брз професионален развој и напредок во кариерата
  • Бесплатни курсеви и обука
  • Сигурна и навремена плата
  • Премии и награди

 

Ако сте заинтересирани за работа во нашата туристичка агенција, Ве молиме испратете ваша биографија (CV) со слика на daniela@we.com.mk. Со испраќањето на биографијата кандидатот дава согласност на компанијата неговите лични податоци да ги користи во постапката за селекција на кандидатите во согласност со Законот за заштита на личните податоци.