Долгогодишното работење и организирање на патувања, остварените многубројни проекти во светот на туризмот, патувањата и прекрасните доживувања не доведоа до остварување на еден голем сон.
Остварување на сонот на сите љубители на патувањето и авантуристи, со понуда на прекрасни неодоливи дестинации и доживувања и најважно од се најдобрата услуга и најголемото внимание кои вие драги патници го заслужувате.

Туристичката агенција We Travel е основана со цел на своите клиенти да им ги понуди сите туристички услуги на едно место!

Првичната идеа на основачите е да обезбеди високо квалитетни туристички услуги проследено со грижа за секој клиент. Нашата цел од секогаш е секој патник да биде задоволен и токму тоа да биде мерило за нашиот успех.

Долгогодишното искуство, професионализмот ,и доврливите и партнери ни овозможија самоуверено да делуваме на македонскиот пазар.

Стоиме на располагање на нашите клиенти при изборот на совршениот одмор, без разлика дали се работи за индивидуални или групни патувања. Ги следиме светските и националните трендови во туризмот така што константно ги надополнуваме и збогатуваме програмите.

Сега сме тука, во срцето на Штип, на улица Кирил и Методи 26, во строгиот центар на градот и во срцето на Струмица, Јосиф Јосифовски 1 со We Travel No.2. Посетете не и уверете се во нашата љубезност, квалитет, сигурност и компетентност по што сме препознатливи.

КРЕАТИВНИ
Создаваме патувања од соништата само за Вас, Вашето семејство и пријателите. Без разлика дали се работи за некоја подалечна дестинација, крстарење, одмор во некој wellnes центар или бизнис патување – Вашата насмевка е нашата крајна цел.

ПРОФЕСИОНАЛНИ
Вработените во нашата агенција се со долгогодишно искуство во туризмот и работа со клиенти. Ние ништо не оставаме на случајност – тука сме да ја предложиме најдобрата варијанта, да излеземе во пресрет, да ги сослушаме вашите предлози и да дадеме соодветен одговор(совет).

ДИНАМИЧНИ
Наша амбиција е постојано да напредуваме и да ги обезбедиме најдобрите и најинтересните понуди. Константниот напредок во областа на подобрување на туристичките услуги е нашата секојдневна задача на којашто пристапуваме сериозно и посветено.

We Travel поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Р.М.

Се наоѓаме на две локации во два града во Македонија, во Штип и Струмица.

Ве очекуваме,
Вашиот We Travel тим