Duration: 20.03.2025
Price: 799€Рана резервација до 22.12.2024 : 699€
Book Now!
маг


БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА
(Лозана, Женева, Монтре, Берн, Цирих, Луцерн)
АВИОН/ 5 дена / 4 ноќи


20 март Скопје – Базел – Цирих
Состанок на групата во 04.30 часот на скопскиот аеродром. Летот на Визер за Базел е во 06.40 часот. Слетување во 09.05 часот.  Организиран трансфер до Цирих. Пристигнување и разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица… Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

21 март Цирих – Луцерн
Појадок. Препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер,  модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концертна сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година… Враќање во Цирих. Слободно попладне. Ноќевање.

22 март  Цирих – Берн – Лозана
Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн… Пристигнување во Лозана во попладневните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

23 март  Лозана – Монтре – Женева
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Монтре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманието го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева.  Разглед на Женева,  еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палaтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d’Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот… Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.

24 март   Лозана – Базел – Скопје
Појадок. Разглед на Лозана – седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час  испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква.Трансфер до аеродром во Базел. Лет на Визер во 20.35 часот. Пристигнување во Скопје во 22.45 часот.


Попуст за ранa уплатa до 22.12:  699€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ799€


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Скопје – Базел – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок во H+ Hotel Zürich  4* во Цирих и 2 ноќевања со појадок  Ibis Lausanne Crissier 2* во Лозана
  • Организиран разглед на Цирих, Лозана, Берн според програмата
  • Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 10кг
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 1290 денари – се плаќа во агенција
  • Факултативна посета на Луцерн 50
  • Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 90€
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Еднокреветна соба 17.500 мкд

НАПОМЕНИ:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патнициЗа резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.