ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО СОСТОЈБИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД “COVID-19”
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!
COVID-19 Travel Regulations Map
Информации за COVID-19
Поради ограничувањата во патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите, како и објектите за сместување на неопределен период, се откажуваат сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој).
Владата, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.
За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.
- Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
- Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).
- Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.
- Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).
- Вредноста на ваучерот ќе биде во истот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.
- Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот, или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).
- Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.