1 ден (08.03 – сабота) : СОЛУН – ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во Солун во 06:00 ч. ( локално време) планирано полетување за Ларнака во 09:10ч. Пристигнување во Ларнака во 11:10ч, организиран трансфер до хотелот и сместување. (доколку сте со организиран трансфер од Ноа Турс до аеродром во Солун, тргнување после полноќ) Организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес, црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака, слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.
2 ден (09.03 – НЕДЕЛА): НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА – СОЛУН
Појадок во хотел. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во Ларнака.
3 ден: (10.03 – ПОНЕДЕЛНИК)
Рано наутро одјавување од хотел, организиран ,,launch” пакет – појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ларнака во 04:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун во 06:20 часот. Пристигнување во Солун во 08:35 часот локално време. Следи организирана шопинг тура во Солун, посета на Mega Outlet, Ikea, Cosmos. One Salonica. Пристигнување во Скопје навечер.
ЦЕНА НА АРАЌМАНОТ – 299 евра по лице
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомени