

sav*na
ТУНИС е најисточна и најмала од државите лоцирани долж планинскиот венец Атлас, земја на гостопримливи и горди луѓе отсекогаш привлекувале патници, херои, освојувачи… Скоро 40% од територијата е покриена со волшебната пустина Сахара, остатокот од внатрешноста на Тунис е плодна земја со достапни патишта до морето. Овие два фактори играат значајна улога во историјата, за време на создавање на познатиот древен феникиски град Картагина познат во античко време како „Африканскиот Рим“, а подоцна и кога Тунис станува гранка на Римската империја. Името Тунис, според некои толкувања, потекнува од берберскиот збор „преку ноќ“. Оваа земја има бројни траги од човечка активност, кои сведочат за предците на денешен Тунис, кои датираат од раниот палеолит, мегу другите во Тунис е откриена и најстарата верска зграда во светот, стара повеќе од 40 000 години. Во историските записи овој регион се спомнува со доаѓањето на Феникијците кој развиваат трговски мрежи и градови. Списокот на напаѓачите низ историјата е голем: од Римјаните, преку Шпанците, Арапите, Французите, Тунис се здоби со независност во 1956 година и Хабиб Бургуиба станал првиот претседател на Тунис. Во втората половина на минатиот век, Тунис ја прифати модерната ера со задолжително образование на два јазика – арапски и француски, бесплатна здравствена заштита, еманципација на жените, парламентарна демократија … Оваа земја, каде што се преплетува илјадогодишна култура, традиција и легенди, бои во ритам на контрасти се наоѓа во срцето на Медитеранот. Со своите преубави долги и песочни плажи (прекрасно медитеранско крајбрежје скоро 1300 км), могубројни хотели, културно историски споменици, мистериозна Сахара и својата магичност привлекува значителен број на туристи од сите страни на светот. Тунис поради поволната приморска клима е полуларна туристичка дестинација преку целата година