Book Now!

Локација : Adam & Eve 5* ~Belek

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.
Услуга
Ултра сe вклучено – појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар (се полни секојдневно), сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед за време на ручекот и вечерата, диететско мени.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови (освен за појадокот), À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, макси бар во соба, Heaven moon – ВИП концепт за парови на меден месец, сепаре во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.


Напомени : 

  • Цените се вкупна цена по лице за дадените термин за Std Room 2adl /максимум 2 лица
  • За + ноќевања, друг термин или дополнителен број на лица ( инфо во агенција )

Цените вклучуваат

  • Чартер лет Скопје – Анталија –  Скопје
  • Чекиран багаж 20 кг по лице + 7 кг рачен
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Аеродромски такси

Сместување
Вкупно 476 соби (во главната зграда) и 68 Вили.
Делукс стандардна соба (64 m², страничен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 2  лица).
Делукс соби со директен поглед кон море (64 m², директен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 3 лица).
Ladies design соби (64 m², страничен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, соби со декорација само за женски гости, макс. 3 лица).
Romantic couples дизајнирани соби (64 m², страничен поглед на море, соби дизајнирани само за парови, макс. 2 лица).
Honeymooner design соби за меден месец (64 m², страничен поглед на море, една спална соба, купатило со туш кабина / WC, една соблекувална, дизајнирани соби со црвена постелнина само првиот ден, торта со логото на хотелот, пенливо вино, кошница со овошје и слатки, приоритет во À la Carte рестораните, задолжително прикажување на свадбен документ не постар од 90 дена, макс.2 лица).

Design апартман (120 m², една голема главна спална соба со француски кревет, уште една спална соба со два единечни кревети, две купатила, една соблекувална, 70 m² тераса, макс. 3 лица).

Кралски апартман (500 m², главна спална соба и уште две спални соби, една дневна соба, еден бар, една сауна, три купатила, три соблекувални, 192 m² тераса, макс. 6 лица).

Вили:

Дуплекс со директен пристап на базен – Duplex Swim up (175 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со единечен кревет, сауна, две купатила, соблекувална, swim-up тераса, макс.4 лица).

Eва Вила (200m², главна спална соба, помала спална соба, дневна соба, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, макс. 4 лица).

Адам Вила (175 m², главна спална соба, една дневна соба со единечен кревет, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, макс. 3 лица).

Претседателска вила (Вила за забава) (600 m², главна спална соба, уште две спални соби, една дневна соба, бар, кујна, две сауни, три купатила, три соблекувални, приватна градина 500 m² и приватен базен од 80 m², макс. 6 лица).

Сите соби во главната зграда се дизајнирани со епоксиден под и сите sидови се со огледала, така што секогаш можете да имате поглед на море или планина. Постои и дел за одмор кој што може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, француски кревети и има ролетни со кои може да бидете разделени од надворешноста.

Во собите за две лица има релаксирачка бања со светлечки рефлекти во боја. Посебна бања со туш кабина, фен за коса. Посебен плакар (соблекувална), LCD телевизор од 106 см, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се надополнуваат секој ден) со мултифункционална маса, електричен бокал, сет со кафе и чај, централна клима што работи според временските услови, телефон, WI-FI (нормална брзина), балкон.