Положба
Хотелот се наоѓа во Beldibi, 40км од аеродромот во Анталија и 14км од Кеmer.
Локација : Alerya Belport Beach 4*~Kemer
Сместување
Вкупен број на соби 127 во 4 двокатни блокови.
Стандардни соби
(21m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби
(38m², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички систем, керамички под, и балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, ручек, попладневна кафе пауза, вечера, супа доцна навечер, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, енергетски пијалоци, Турско кафе, сладолед, сите пијалоци и храна по 24:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен. Доктор на барање, телефон, факс, интернет, област за шопинг се доплаќаат. WI – FI интернет конекција се доплаќа.
Плажа
Хотелска плажа, песок со камчиња, со бесплатни лежалки и чадори за сонце, пешкири на плажа со депозит.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, пинг – понг, одбојка на плажа, гимнастика, се бесплатни. Се доплаќаат: Турска бања, сауна, масажа, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и шоу програми неколку денови во неделата во текот на вечерта. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште.