fbpx
Location: Nea Flogita
Price: -10%Рана резервација до 30.04.2024 : -10%
Book Now!

Неа Флогита се наоѓа на само 250 км од Штип и 180 од Струмица, мирно место кое изобилува со прекрасна песочна плажа која е долга неколку километри од почетокот на Плагија па се до крајот на Неа Флогита соседни места кои се споени, рамни места со шеталиште од едниот крај на Неа Плагија до другиот крај на Неа Флогита, прекрасно за фамилијарен одмор со пространа и плитка песочна плажа. За помладите има неколку плажи кои се со музика, диџеи и програма како преку ден така и преку ноќ.


Апартман Зокас 1/5 +2  (за 5 лица или 5 возрасни и 2 деца до 12 годни) на само 50 метри од плажа)
Зокас Апартманот се наоѓа на само 50 метри од плажата на втора линија позади бич бар Ипанема, викосо приземјен со страничен поглед на море , апартманот е со една спална, дневна со кујна, тоалет, ходник и балкон. Во едната спална има еден двоен кревет и еден единечен за 3 возрасни лица со затворена тераса и сепаре, во дневната има два единечни  кревети и под нив уште два еднинечни, трпезариска маса со балкон со страничен поглед на море, Кујната е опремена со сите потребни елементи за пристоен одмор. (нова клима и нов фрижидер)
Во Близина: Маркет на само 20 метри и на 50 метри, зелено пазарче 60 метри, Кафе бар на само 40 метри, ресторант, гиро на 40 метри, пекара на 30 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања,


Локација : Apart Zokas


Mожност за летување на 6 месечни рати со iute credit 0% камата


ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА 

-5 % за рана резервација до 30.04.2024

-10 % за темините до 16.06.2024 до 30.04.2024



Наем Мај Мај Мај
Термин 12.05.2024 19.05.2024 26.05.2024
Ноќевања 7 7 7
АPT1B / 5 Лица 5+2(12) 150 € 180 € 200 €
Наем Јуни Јуни Јуни Јуни Јуни
Термин 02.06.2024 09.06.2024 16.06.2024 23.06.2024 30.06.2024
Ноќевања 7 7 7 7 7
АPT1B /  5 лица5+2(12) 280 € 330 € 390 € 470 € 520 €
Наем Jули Jули Јули Jули
Термин 07.07.2024 14.07.2024 21.07.2024 28.07.2024
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 5 лица5+2(12) 550 € 580 € 630 € 690 €
Наем Aвгуст Aвгуст Aвгуст Aвгуст
Термин 04.08.2024 11.08.2024 18.08.2024 25.08.2024
Ноќевања 7 7 7 7
АPT1B / 5 лица5+2(12) 690 € 630 € 580 € 550 €
Наем Септември Септември Септември Септември Септември
Термин 01.09.2024 08.09.2024 15.09.2024 22.09.2024 29.09.2024
Ноќевања 7 7 7 7 7
АPT1B / 5 лица5+2(12) 480 € 420 € 370 € 290 € 230 €

За резервација со “EB” попуст, 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата.


  • Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  

  • Употребата на клима уред во Апартман Зокас е бесплатна (каде што е достапен),
  • Доплата за туристичка такса 1,5 € € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
  • Попуст за резервирации на два последователни термина  -7% на вториот термин ( Не важи за цените со рани резерваии)
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела):  50 €  (40€ за деца 2-12 год)  

  • Поаѓање : Штип (Нова Пошта 05:00), Струмица(БП. Макпетрол на влез 06:00) , Скопје (Вип Хотел 04:00)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до вилата или најблиската постројка или паркинг за автобус.
  • Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.(патниците се оставаат на најблиската локација до објектите)
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ 

  • Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско сместување во Грција, со важност до 25.12.2021 година, или до објава на нов ценовкик.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Корисни информации 

  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот со пречек од представник од агенцијата) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
  • Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.

ВНИМАНИЕ!

  • Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
  • Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

Услови на плаќање 

  • Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
  • За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
  • 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
  • 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
  • За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)0% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
  • 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
  • 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
  • Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM),  резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  :

  • Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
  • Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
    – за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
    – за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
    – за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
    – за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
    – за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
  • За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

НАПОМЕНА: 

  • За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.