Едноспален Апартман Арау
Арау Апартман се наоѓаат на втор ред во Неа Флогита позади популарниот бич бар Кози. Апартманот е на одлична локација во самиот центар на Неа Флогита спроти хотел КРФ. Апартманот е со следниов распоред.
Апартман Арау: Дневна со Кујна гарнитура, единечен кревет, поголема Бања со тоалет, помал гостински тоалет, Спална соби со еден двоен кревет, голем балкон и страничен поглед на море, капацитетот на овој апартман е за 5 лица (максимум 3 возрасни и 2 дете до 12 години или 2 возрасни и три деца до 12 години).
Апартманиот располагаат со телевизија(македонски канали) и интернет, клими по една во дневна и спална, кујната е опремена со ел. шпорети со фурна и голем фрижидер и кујнски прибор.
Покрај вилата има бесплатен паркинг простор за вашите автомобили.
Во Близина: Маркет на само 30 метри и 50 метри, Кафе бар на само 20 метри, ресторант 50 метри, гиро на 20 метри, пекара на 50 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања,
Локација : ARAU APRT~Nea Flogita
-5% за Рани резервации до 30.04.2025 ( со 30% уплата ) само за термини во месец Јуни
Наем | Мај | Мај | Мај | ||
Термин | 11.5.2025 | 18.5.2025 | 25.5.2025 | ||
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | ||
АPT1B / 5 Лица 5+2(12) | 150 € | 180 € | 200 € | ||
Наем | Јуни | Јуни | Јуни | Јуни | Јуни |
Термин | 01.6.2025 | 08.6.2025 | 15.6.2025 | 22.6.2025 | 29.6.2025 |
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
АPT1B / 5 лица5+2(12) | 290 € | 390 € | 440 € | 500 € | 550 € |
Наем | Jули | Jули | Јули | Jули | |
Термин | 06.7.2025 | 13.7.2025 | 20.7.2025 | 27.7.2025 | |
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | |
АPT1B / 5 лица5+2(12) | 610 € | 670 € | 690 € | 730 € | |
Наем | Aвгуст | Aвгуст | Aвгуст | Aвгуст | Aвгуст |
Термин | 03.8.2025 | 10.8.2025 | 17.8.2025 | 24.8.2025 | 31.8.2025 |
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
АPT1B / 5 лица5+2(12) | 730 € | 730 € | 650 € | 590 € | 550 € |
Наем | Септември | Септември | Септември | Септември | |
Термин | 07.9.2025 | 14.9.2025 | 21.9.2025 | 28.9.2025 | |
Ноќевања | 7 | 7 | 7 | 7 | |
АPT1B / 5 лица5+2(12) | 490 € | 450 € | 390 € | 290 € | |
Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела): 50 € (40 € за деца 2-12 год)
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Корисни информации
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
– 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
НАПОМЕНА:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
КОВИД ГАРАНЦИЈА:
Во случај на отказ на резрвацијата до 31.03.2022 г. поради доле наведените причини, се гарантира целосна рефундација на уплатените средства на патникот.
* Доколку врз резервацијата влијаат околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 или пак новите протоколи за патување и заштита кои не биле актуелни во времето на објавување на понудите и направената резервација, по барање на патникот целосно ќе му биде рефундиран уплатениот износ за направената резервација или истата ќе биде променета со нов термин за престој во објектот/хотелот.
* Како околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 се подразбираат: затворање на граничните премини, ограничувањата за патување во Грција, ограничувањата на условите за излез и влез во земјата од која заминува или кон која патува патникот, или при болест предизвикана од Covid 19 (со потврда на позитивен ковид-тест).