Мапа – Ares-Dream
Положба
Хотелот е лоциран во областа Кириш, 7км од центарот на Кемер и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 130.
Стандардни соби (25м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (празен), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни чај, кафе и колачи, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 22.00 ч., бар на плажа- само сокови на растварање и вода се бесплатни. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, храна и пијалоци после 22:00 часот, пијалоци во Диско клубот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лобби бар и бар покрај базен. Доктор на барање, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер и чување на деца дополнително се наплаќаат. Wi-Fi дополнително се наплаќа.
Плажа
Хотелска плажа на 200м од хотелот, со камчиња со бесплатни лежалки и чадори, пешкири за на плажа со доплата.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, столни тенис, гимнастика, Турска бања, сауна. Со доплата : масажа, соба со пареа, спортови на вода. Забавни програми со аниматори во вечерните часови и во текот на денот покрај базен. Мини клуб за деца и детска градина.