Book Now!
sa*va


Положба 
Хотелот се наоѓа во регионот Mahmutlar. Оддалечен на околу 8 км од центарот на Аланија, 130 км од аеродромот во Анталија.
Локација: Hotel-Armas-Prestige
Сместување
Хотелот има вкупно 338 соби во главната зграда.
Стандардни соби (25 m2, спална соба, бања, max 2+1 лице).
Фамилијарни соби (40 m2, спална соба и дневна соба одвоени со врата, бања, max 4 лица).
Секоја соба има бања со када. Или туш кабина, фен, клима, директна телефонска линија, мини бар (безалкохолни пијалоци при пристигнување, сеф (со доплата), сателитска телевизија и музички канали, плочки, балкон или тераса.
Услуга
All inclusive на база шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужинка, колачи, чај и кафе, вечера и полноќна ужинка, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и одредени увозни алкохолни пијалоци во лоби барот до 24 часот, снек бар и безакохолни пијалоци на плажа до 18ч. A’la Carte ресторан со резервација однапред и еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени термини во главниот ресторан. Не е вклучено: увозни пијалоци, домашни пијалоци после 24ч.флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед и собна услуга.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, рибен A’La Carte ресторан, бар покрај базенот и бар на плажа. Посебно се плаќа според правилата на хотелот: лекар (на барање), фризер, услуга за перење на алишта, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри и Wi Fi.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и каменчиња. До плажата води тунел под патот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен со детски базен, водени лизгалки, турска бања, сауна, пинг понг, фитнес, одбојка на плажа, забавна програма во текот на денот, на плажа и покрај базенот, вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години. Детско игралиште, мини диско навечер. Посебно се наплаќа: спортови на вода, услуги во Спа Центарот и салон за убавина, билијард, компјутерски игри.