fib*la
Положба
Хотелот е лоциран во областа Konakli, на 16км од Аланија и на 114км од аеродромот во Анталија.
Локација BAYAR GARDEN HOLIDAY VILLAGE
Сместување
Вкупен број на соби 323 распоредени во триспратни згради и собите се стандардни (спална, купатило, макс.2+2 лица). Сите соби се со сопствено купатило со када или туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (празен), сателитска ТВ со музички канали, плочки на подот, балкон или тераса.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужинка, кафе, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-23:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, сокови од свежо овошје, пијалоци во диско клубот.
Содржина
Главен ресторан на шведска маса, снек бар, бар покрај базен, бар на плажа. Дополнително се наплаќа: доктор, перална и хемиско, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, rent a car, сеф на рецепција.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна со ситни камчиња. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат, душеците се со доплата.
Спорт и Забава
Отворен базен за деца и возрасни, тобогани, фитнес, пинг понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, различни натпревари за деца и возрасни, специлајни вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, вечерно мини диско. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, сауна, масажа, парно купатило, билјард. *НАПОМЕНА: Хотелот не прифаќа резервации за престој само со особи од машки пол во соба во период од 08.07-31.10