fbpx
Duration: 08.12.2023
Price: 135€
Book Now!
cam*tr


Белград 8ми Декември
Tермин: 08.12-10.12.2023 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус
Hotel Abba 4*


1 ден 08.12 ( Петок ) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00часот на Дрво Декор. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 9 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич и посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Bраќање во Хотел сместување. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.

  •  Разглед на Белград со локален водич
  •  Автобуски превоз Скопје-Белград
  •  Ноќевање со Hotel Abba 4*
    *
2 ден 09.12 (Сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД- БЕЛГРАД
Појадок. По појадокот, факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. Враќање во Белград. Опционална вечера во Скадарлија. Ноќевање.
  •  Појадок
  •  Ноќевање со Hotel Abba 4*
    *
3 ден 10.12 (Недела) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон центарот на Белград каде ќе имате можност да прошетате низ Кнез Михајлова или можеби новиот дел “Београд на води”. Слободни активности до 12часот и посета на трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови
  •  Појадок
  •  Посета на шопинг центар Ушче
  •  Автобуски превоз Белград-Скопје
    *

Цена на аражманот : 135 Евра


Цената вклучува :

  • Oрганизација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција;
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот Hotel Abba 4*
  • превоз на наведената релација со туристички автобус

Цената не вклучува : 

  • Факултативна посета на Нови Сад 25€
  • Патничко осигурување 5€
  • Доплата за еднокреветна соба 45€
  • Вечера во Скадарлија 30€
  • Влезници во културно историски споменици

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативата Нови Сад потребно е минимум 30 пријавени лица;
  • За патување со сопствен превоз се одбива 10€ од цената;
  • Уплата исклучиво во денари.

ОПИС на ХОТЕЛОТ ABBA 4*

Хотелот “Abba” е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Светските патници допрва се запознаваат со квалитетите на овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац во непосредна близина до срцето на Белград (хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг.


Важат општите услови на СКТМ и Ви Травел