cam*tr
БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2024
30.12.2023- 02.01.2024
сместување во Hotel Abba 4*
1ден 30.12 (Недела) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09часот. Сместување во хотел.По кратка пауза,заминување со локален водич и организиран панорамски разглед на Белград, со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова.Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор.Нокевање.
2ден/ 31.12 (Понеделник) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД
Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. На враќање во попладневните часови. Враќање во хотел. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2024 Година на Плоштад или во некој од многуте ноќни барови, дискотеки или во кафана на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.
3ден / 01.01 (Вторник) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 165 ЕВРА
Цената вклучува
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- Посета на шопинг центар ушче
- Oрганизација и водство на патувањето
- Разглед на Белград со локален водич;
- Разглед на Белград со локален водич
Цената не вклучува
- Опционална посета на Нови Сад – 1.200 мкд
- Туристичка такса – 4 € по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- Здравствено патничко осигурување 5 € / задолжитено
ВАЖНИ И Н Ф О Р М А Ц И И
- Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- Начин на плаќање е во денерска противвредност 62..
- Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица (автобус)
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување. Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.
- 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање
- Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта) уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.
- Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
- Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
- Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
- Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор
- Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж).
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција.
- Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж доколку носат скии треба да ги пријават.
- Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типот на автобусот кои ке ги вози.
- Поради густиот сообраќај или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме
- *Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото, доколку има снег на патот локалниот партнер во интерес на патниците може да си најми друг автобус или комбиња само поради непристапност на патот во зимските услови.
- Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
- Сместување на патниците е во 14ч,услуги пансионски се по протоколи на самиот хотел
- Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.)
- Aгенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.