Будимпешта Божиќен базар
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
07.12 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 17.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
08.12 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
09.12 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
10.12 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- 45 евра
НАПОМЕНИ: