Duration: 31.08.2025
Price: 920€
Book Now!
kri


Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY
Крстарење 7 ноќи од Солун
СОЛУН - КУШАДАСИ - КРИТ - САНТОРИНИ - МИКОНОС - МИЛОС - АТИНА - СОЛУН


Ден 1 - Состанок на групата и качување на крузерот

(Недела) Состанок на групата на пристаниште во Солун,(можност за организиран трансфер до и од Солун со доплата). Качување на крузерот. Ручек.  Испловување за Кушадаси во 19:00ч.
Ден 2 - Кушадаси
(Понеделник) Пристигнување во Кушадаси во 13:00ч и разглед на античкиот град Ефес со локален водич. Испловување за Крит (Ираклион) во 19:00ч.
Ден 3 - Крит (Ираклион)
(Вторник) Пристигнување на Крит (Ираклион) во 10:00ч. Прошетка на Крит со претставник од Кри Турс. Испловување за Санторини во 19:00ч.
Ден 4 - Санторини
(Среда) Пристигнување на Санторини во 07:00ч. Прошетка на Санторини со претставник од Кри Турс. Испловување за Миконос во 00:30ч.
Ден 5 - Миконос
(Четврток) Пристигнување на Миконос во 08:00ч. Слободно време за разглед. Можност за факултативен разглед со локален водич. Испловување за Милос во 02:00ч.
Ден 6 - Милос
(Петок) Пристигнување на Милос во 09:00ч. Прошетка или посета на плажа во Адамас со пратителот од Кри Турс. Можност за факултативна посета (со доплата) на познатата Саракинко плажа. Испловување за Атина во 19:00ч.
Ден 7 - Атина
(Сабота) Пристигнување во Атина(Пиреус) во раните утрински часови. Слободно време за разглед. Испловување за Солун во 17:00ч.
Ден 8 - Солун
(Недела) Пристигнување во Солун во 12:00ч и слегување од крузерот. Поаѓање за Македонија.


ВКЛУЧЕНО

  • Сместување во внатрешна кабина ( за надворешна кабина со прозор се доплаќа)
  • Појадок, ручек, вечера !
  • Алкохолни пијалоци,газирани и негазирани пијалоци,сокови,филтер кафе, чај ,за време на оброците
  • Пристанишни такси (289 €) вклучени во цената
  • Бакшиши вклучено во цената
  • Полудневна екскурзија со локален водич во Кушадаси – Турција – Ефес : Ancient Ephesus through the ages - Hellinistic and Roman (Антички Ефес низ вековите - хеленистички и римски
  • Шатл за Миконос
  • Шатл за Санторини
  • Шатл за Милос
  • Прошетка во Хераклион- – Крит со претставник од Кри турс
  • Прошетка на Санторини со претставник од Кри турс
  • Прошетка или посета на плажа во Адамас, Милос со претставникот од Кри Турс
  • Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација, забавни програми , претстави , музички програми во барови , анимации (јога, танц, итн)
  • Користење на базен и џакузи( согласно временските услови) фитнес центар и сауна
  • Претставник од агенција на целото патување

НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Патничко осигурување
  • Трансфер индивидуален или групен до и од Солун пристаниште
  • Факултативни екскурзии кои се организирани или надградени на лице место
  • Жичара за качување и слегување на Санторини (околу 6 евра по правец)
  • Услуги во салон за убавина и спа центар
  •  Медицински услуги
  • индивидуално користење на екскурзии ,кои бродот ги организира како факултативи со доплата
  • Влезници
  • Групни или индивидуални трансфери
  • Интернет на бродот

  • Крузерот има капацитет од 1260 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 8 ресторани, 8 барови, 2 базени, 2 џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино, тениско и кошаркарско игралиште.
  • Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.
  • УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биди доплатен најдоцна 31 ден пред поаѓање.
  • ОТКАЗЕН РОК :  До 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 50% од вкупната цена, а од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од вкупната цена
  • Оваа програма има многу ограничени места
  • НАПОМЕНА : ПАСОШОТ МОРА ДА БИДЕ БИОМЕТРИСКИ И ДА БИДЕ ВАЛИДЕН МИНИМУМ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА СЛЕГУВАЊЕ ОД БРОДОТ , ОДНОСНО ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРСТАРЕЊЕТО
  • КРСТАРЕЊЕТО ЌЕ СЕ ОДВИВА СОГЛАСНО СИТЕ МОМЕНТАЛНИ КОВИД ПРОТОКОЛИ, КОИ ЌЕ ВАЖАТ ВО МОМЕНТОТ НА КРСТАРЕЊЕТО!!
  • ПРИЈАВУВАЊЕ - ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА РЕЗЕРВИРАНИТЕ КАБИНИ !