МАПА : CRYSTAL ADMIRAL RESORT & SPA
ПОЛОЖБА :
Кристал Адмирал е лоциран во Сиде Кизилот, Анталија и е препознатлив по неговата сјајна местоположба. Оддалечен е 80 км од аеродромот во Анталија и 85 км од нејзиниот центар. Центарот на Сиде е на само 20 минути.
УСЛУГА ALL INCLUSIVE :
Главниот ресторан служи доручек, доцен доручек, ручек со одделен детски простор, вечера и полноќна ужина. Закуски, торти, колачи, сладолед, мексиканска кујна, коктели, кафе, чај, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и некои сокови се исто така вклучени. Увезните пијалоци се наплаќаат од 23:00 до 10:00 часот. Хотелот нуди 5 ресторани од кои еден е детски, 5 а ла карт ресторани и 10 барови со различна тематика.
СМЕСТУВАЊЕ :
Check-in Од 14:00 hours Check-out До 12:00 hours
Располага со 834 соби вкупно, од кои 257 се со поглед кон градини. Можете да бирате помеѓу Стандардни, Фамилијарни соби или Свити, зависно од Вашите потреби.
ПЛАЖА И БАЗЕН :
Кристал Адмирал располага со своја приватна плажа долга 250 метри и широка 100 метри, како и повеќе видови на базени и Аквапарк со површина од 3450 м2. Вклучува внатрешен базен, поделен надворешен базен, детски базен и тобогани. Посебен базен за деца со аквапарк и прекриен мини клуб со игралиште е отворен за деца меѓу 4 и 12 години.
СПОРТ И ЗАБАВА :
Фитнес центар, опрема за тренинг, пикадо, мини голф, тениски терен (мултифункционален), игри во вода, акваробик, аеробик, терен за кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, воздушно пукање, бочиа, вечерна забава, шоуа и анимации, сето ова е вклучено во цената. Со доплата може да се играат видео игри, билијард, куглање и моторни и немоторни водни спортови.
СПА ЦЕНТАР :
Луксузниот, модерно декориран Спа центар нуди повеќе типови на програми и вклучува парна бања, сауна, џакузи, внатрешен базен, турска бања и фитнес центар. Третманите со масажи и терапиите за убавина се достапни со доплата.
ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
07:00 – 10:00 Доручек
10:00 – 11:00 Доцен доручек
12:00 – 18:00 Мали оброци
12:30 – 14:30 Ручек
17:00 – 18:00 Чај и колачи
19:00 – 21:30 Вечера
23:30 – 01:00 Доцна ужина
01:00 – 07:00 Ноќен оброк
Мини барот во соба секој ден се надополнува со сокови.
А ЛА КАРТ РЕСТОРАНИ:
Сите ресторани, освен рибниот се бесплатни еднаш за време на престој од 7 дена.
УСЛУГИ И АКТИВНОСТИ:
Бесплатно: Интернет, паркинг, базени, главен ресторан, пикадо, фитнес центар, сауна, парна бања, Џакузи, шок тушеви, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг, целодневна анимација, амфитеатар, кошарка, игралиште, мини клуб, детско бифе.
Со доплата: Масажи, интернет кафе, телефон, факс, хемиско чистење, рента на автомобили, свежо цедени сокови, перална, фризер, осветлување на тениско игралиште, опрема за тенис, билијард, моторни водни спортови, бебиситер.
Распоред на летови ( од 28.05 – 20.09.2019 – 6, 9,10,13 ноќевања )
КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ И КАЛКУЛАЦИИ ЗА АРАНЖМАНОТ ПОБАРАЈТЕ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА ИЛИ НА (INFO@WE.COM.MK )