Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби 10 км до Кемер, 35 км од центарот на градот Анталија и 45 км од аеродромот во Анталија.
Локација Dosinia Luxury Resort 5*~Kemer
Сместување
Вкупен број на соби 440 во два блока. Стандардни соби (22m²; една спална соба со француски кревет + софа , една бања, макс.2 + 1лице), Стандардни соби со кревети на спрат (26м², една спална соба со француски кревет + кревет на спрат за деца, една бања, макс.2 + 2лица), Фамилијарни соби со кревети на спрат (32м ; две спални соби со врата помеѓу, во една спална соба е француски кревет во друга соба кревет на спрат + дополнителен кревет, една бања, макс.3 + 2лица), Swim up соби(26м², една спална соба , една бања, терасата е директно поврзана со базенот, макс.2 + 1лице), Garden Block стандардните соби се исти како стандардни соби во главниот блок, сместени во Б блок и само поглед на копно), Love suit (22м², Една спална соба со француски кревет, една бања, голема тераса со џакузи, директен поглед кон море и базен, макс.2лице). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред , телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци се дополнуваат при пристигнување), електричен бокал, чај и кафе, сеф, кутија, бањарка, WI- FI Интернет (мала брзина), сателитски ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра се вклучено – пијалок за добредојде на приемот по пристигнувањето. Шведсла маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера и ужина доцна во ноќта. Сите локални и стандардни (избрани од хотел) увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли пијалаци, бар за ужини на плажа. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: Премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, сокови од свежо овошје, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, A’la Carte рестораните се со резервација однапред со дополнителен надомест, услуга во соба, увозни пијалоци во диско клуб.
Содржина
Главен ресторан – Divan со шведска маса, A’la Carte ресторани: Hurrem (турска кујна и морска храна), Mama Mia (италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, трговски центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, изнајмување автомобил се доплаќаат дополнително. WI – FI Интернет- е бесплатен на јавни места и во собите.
Плажа
Приватна плажа на хотелот, камчеста и песочна, со лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа бесплатно. (Има пат помеѓу хотелот и плажата.)
Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг-понг се бесплатни. Wellness и SPA центар, масажа, спортови на вода, билијард се наплаќа дополнително. Забавни програми за време на денот, натпревари на базен и на плажа, во вечерните шоу програми, Мини клуб за деца од 04 до 12 години организиран од стручен персонал, базен за деца, игралиште.