Book Now!
sa*va

Мапа-  DREAM WORLD AQUA HOTEL 5* –  SIDE
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталијa.
Сместување
Вкупен број на соби 386.
Стандардни соби (една спална соба и едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби Тип 1 (две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4 лица),
Фамилијарни соби Тип 2 (две спални соби со врата измеѓу, две купатила, макс. 4 лица) и 2 соби за хендикепирани лица.
Собите се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода), електричен бокал, сет од чај и кафе, сеф (се доплаќа), ламинатен под, LCD TV со сателитски програми, балкон.
Услуга 
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневни торти, колачи, вечера, доцна вечерна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, мини бар во собите, бар на плажа од 10:00 – 17:30 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед за време на одредени периоди од денот покрај базен. НЕ Е ВКЛУЧЕНО во all inclusive концептот : увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, Турско кафе, свежи овошни сокови, услуга во соба, пијалоци во диско клуб.
Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Sultan – Скара ресторан, Neptun – Рибен ресторан, Bolita – Италијанска кујна, Bihai – кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, хемиско, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент, а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во лоби и во собите е бесплатна.
Плажа 
Хотелска приватна песочна плажа, 700м од хотелот, со лежалки, чадори и пешкири на плажа кои се бесплатни.
Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени (затворени за време на летото) за возрасни и деца, Relax базени за пливање за +18, Аква парк, Фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг – понг се бесплатни. Масажа, СПА и центар за убавина, билјард, сите спортови на вода се доплатуваат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4 – 12 години.


Распоред на летови ( од 27.05 – 10.09.2019 – 6,10,13 ноќевања ) 


Во цената е вклучено:

* Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
* Аеродромски такси
* Хотелско сместување – услуга
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром

 Услови за деца :
* Деца од 0-2 год – Бесплатно
* Деца од 2-12год. плаќа само авионски билет ( или и хотел , во зависност од хотелот и типот на собата )

 КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ И КАЛКУЛАЦИИ ЗА АРАНЖМАНОТ ПОБАРАЈТЕ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА ИЛИ НА (INFO@WE.COM.MK )