Хотел Дрим * * * * Струга
Хотел Дрим има ресторан со 500 места, 2 банкет сали со капацитет од 120 и 400 места. Во ресторанот може да ја пробате македонската и интернационалната кујна. Има 7 конференциски сали, внатрешен и надворешен базен, куглана, сопствен паркинг и плажа. Во новоотворената тераса Струшки Кепенци, гостите можат ги вкусат вкусните македонски специјалитети. Се наоѓа на 0.46 км оддалеченост од плоштад во Струга. Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.