Локација : Euphoria Comfort Beach 5*~Alanya
Euphoria Comfort Beach ( Ex Loxia Comfort Beach ) . Хотелот се наоѓа во регионот Махмутлар. Нуди услуга Ultra All Inclusive. Приватна плажа на хотелот, песок и чакал (тунел до плажа). Реновиран во 2021 година.
Позиција
Хотелот се наоѓа во регионот Махмутлар, на 135 км од аеродромот во Анталија и 8 км од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби – 400. Стандардни соби (25м2, спална соба со француски кревет + единечен + софа, бања, макс 3+1 лице), еко семејни соби (40м2, две спални со врати меѓу, бања, макс 4 лица), семејство соби (40м2, две спални со врата меѓу нив, бања, макс 4 лица). Сите соби имаат: бања со туш кабина, фен, сплит клима, телефон, минибар (вода и сокови при пристигнување), сеф, САТ ТВ и музички програми, Wi-Fi интернет, ламинат и балкон.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, базен и барови на плажа. Дополнителните такси вклучуваат: лекар, фризер, перална, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри. Wi-Fi интернетот е бесплатен низ целиот хотел.
Плажа
Приватна плажа на хотелот, песок и чакал (тунел до плажа). Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, три лизгалки, пинг-понг, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, масажи и СПА, билијард и компјутерски игри. Забавна програма во текот на денот и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4 до 12 години со различни програми, игралиште и мини диско во вечерните часови.
Сервис
Ultra All Inclusive – појадок шведска маса, доцна појадок, ручек, попладневни колачи, чај и кафе, вечера и полноќна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот, сладолед во одредено време, детско и бебешко катче, диетално катче, бар на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво до 17:00 часот. Дополнителни се наплаќаат: премиум увозни пијалоци, локални пијалоци после полноќ, сите пијалоци во диско клубот, сите флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, услуга во соба.
Напомени :
Цените вклучуваат