ПРОГРАМА
09.10.2023 | СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Пријавување на аеродромот во Скопје, најдоцна 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:15 часот. Слетуваме на аеродромот во Истанбул во 22:45 часот. Транзит време околу 3 на еден од најголемите и најубавите аеродроми во светот.
10.10.2023 | ИСТАНБУЛ-МАНИЛА
Поврзатниот лет кон Манила е во 02:20 часот. Слетуваме во Манила во 19:10 часот, локално време. Добродојдовте на Филипините! По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон хотел во центарот на Манила (пр. хотел Ramada by Wyndham Manila Central 4*). Ноќевање.
11-12.10.2023 | МАНИЛА
Појадок во хотел. Слободни денови за прошетки и факултативни излети во главниот град и метропола на Филипините. Главен економски, политички и културен центар на Филипините, лоциран на островот Лузон (Luzon), распространет на источниот брег, во устието на реката Pasig. Еден од најпосетените градови на туристичката мапа на Филипините, познат по својата архитектура, специфичните квартови, превозни средства, улични пазари, музеи. Во вечерните часови ќе го почуствуваме духот на Манила и Филипините преку нивните кулинарски специјалитети. Ноќевање.
13.10.2023 | МАНИЛА-БОРАКАИ (BORACAY)
Појадок и одјавување од хотелот. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Манила, за локалниот директен лет кон Боракаи (Boracay). Слетуваме во Баракаи и со организан трансфер се упатуваме кон хотелот (пр. хотел Boracay Ocean Club 4*). Слободно попладне за уживање на блескавите песочни плажи и тиркизното море. Ноќевање.
14-16.10.2023 | БОРАКАИ (BORACAY)
Појадок во хотел. Слободни денови предвидени за истражување убавините на островот. Ноќевање.
17.10.2023 | БОРАКАИ-МАНИЛА
Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Бараки за директниот лет кон Манила. Слетуваме на аеродромот во Манила, при што одново се чекираме за летот кон Истанбул во 21:25 часот.
18.10.2023 | МАНИЛА-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Слетуваме во Истанбул во 04:50 часот. Кратко транзит време до поврзаниот лет кон Скопје во 07:25 часот. Слетуваме во Скопје во 07:50 часот.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО СОБА: 1590€
Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:
Пакет цената НЕ вклучува:
Потребни документи за виза:
ВАЖНО:
Корисни информации
Филипини
Држава во југоисточна Азија. Покрива архипелаг со повеќе од 7000 острови кои сочинуваат три целини. Северно од Филипините се наоѓа Тајван, Виетнам се наоѓа на западната страна на Јужнокинеското море, а према југозапад, Сулуското море ги одвојува Филипините од островот Борнео. Со оглед на тоа дека Филипините се наоѓаат во Огнениот појас на Пацификот и близината на екваторот, Филипините се изложени на земјотреси и тајфуни, но изобилуваат и со големи природни богатства што ги става меѓу земјите со најразноврсни флора и фауна. Благодарејќи на вулканското потекло на островот, изобилуваат со руда. Се проценува дека Филипините, после Јужноафриканската Република, се на второ место по резервите со злато и одни од земјите со најголеми резерви на бакар на светот. Но, поради големата густина на населението и желба за зачувување на животната средина, сите рудни богатства се генерално неискористени. Покрај рудата, благодарејќи на вулканската земја, земјата изобилува со геотермална енергија.
Површина: 298.170 km2, 64-та земја по големина на светот
Број на жители: 102 милиони жители
Главен град: Манила
Виза: Потребна е виза за престој на Филипините за државјани на Р.С. Македонија. Визите се вадат пред самото патување. Агенцијата ги известува сите патници за визниот режим и добивање визи најдоцна до месец дена пред пат.
Временска зона: UTC +8, значи 7 часа напред во однос на Македонија.
Клима: Филипините имаат уморена тропска клима која се карактеризира со голема влажност и жештина. Присутни се три годишни времиња: суво и многу топло годишно време кое трае од Март до Мај, дождовна сезона која трае од Јуни до Ноември и суво годишно време кое трае од Декември до Февруари. Температурите се движат во распон од 21 до 32 степени целзијусови, но можат да бидат и значително повисоки или пониски, во зависност од годишното време.
Храна и пијалоци: Храната е навистина разновидна, т.е. типично азиска. Има многу ориз, риба, нудли, пилешко, овошје и зеленчук.
Здравје: Вакцинација не е задолжителна. Сите наши патници индивидуалн одлучуваат дали сакаат да се вакцинираат или не. Најдобро е да се јавите во Институтот за јавно здравје и проверите. Пожелно е да носите лекови за стомак (пробиотици), фервекс или некои лекови за болки и температура – за секој случај. Доколку не земете, не е страшно, се може да се купи во аптеките и таму. Исто така, на Филипините има комарци, па би било добро да земете и Аутан. Вакви средства може да купите и таму. Од искуство, нивните средства се посилни од нашите.
Осигурување: Осигурување не е задолжително, но секако го препорачуваме за далечни дестинации. Можете да го уплатите во било кое осигурително друштво и земете на пат, а можете да го купите и кај нас во канцеларија.
Сигурност и безбедност: На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува внимателно чување на личните документи и пари поради ризик од кражба. Шетање на улица во доцните вечерни часови се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е илегална појава, а како таква е казнива со закон и затвор.
Облека: Спакувајте што помалку работи! Секаде можете да перете веш. Оваа услуга е навистински поволна, отприлика 1 евро по килограм. Брзо и убаво го перат и редат. Со обзир на тоа дека на Филипините, температурите се високи, носете лесна гардероба. Ви треба дуксер или некоја лесна јакна или долги ногавици за возење со автобусите (кој се климатизирани). Земете со вас некои удобни патики за излетите. Кај посетите на културно – историските знаменитости, конкретно храмовите, напоменуваме дека е задолжително покривање на нозете и рамената, па водете сметка за тоа за време на пакувањето. Доколку заборавите било што од гардероба, козметика, обувки, не се секирајте, апсолутно се може да набавите и таму.
Локална валута: Валута на Филипините е филипински песоз, а односот му е 1 евро = 59.8PHP. Не препорачуваме да се потпирате и да плаќате со картички. Подобро носете пари во готово.
Кредитни картички и банкомати: Банкарскиот систем е развиен. Ќе најдете многу банки и банкомати во земјата. За точната висина на провизиите треба да проверите со матичната банка. Наша препорака е сепак да земете готовина. Користење на кредитни картички е возможно, но тоа претходно мора да го најавите на вашата банка. Менувачници имате на секој чекор. Истите се достапни по цел ден.
Комуникација: Нашите мрежи функционираат на Филипините. Најлесно е да купите локална СИМ картичка. Исто така, интернет имате секаде.