Мапа – Galaxy-Beach-Resort
Положба
Хотелот е лоциран во областа Mahmutlar, 135км од аеродромот во Анталија и 14км од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби 116 во два блока.
Сите соби се стандардни (17-22м², макс.2+2 лица), опремени со купатило со туш, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај, кафе, вечера, локални алкохолни пијалоци (пиво, наливно вино, ракија, вотка, џин) и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 23.00ч. Увозни пијалоци, храна и пијалоци по 23.00ч., свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, Турско кафе, услуга во соба, мини бар во собите дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, снек бар, бар покрај базен. Доктор, перална, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекцијата во целиот објект на хотелот дополнително се наплаќа.
Плажа
Хотелска песочна плажа, на 30м од хотелот преку улица, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. (Има тунел до плажа). Пешкири на плажа не се нудат.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа. Турска бања, сауна, масажа, спортови на вода, билијард дополнително се наплатуваат.