Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 33 км од аеродромот во Анталија и 42 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 872 соби во главна зграда.
Стандардни соби
(25-36m²; една спална соба и купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби
(37,5m²; две спални соби и едно купатило, макс. 4 лица),
Фамилијарни Делукс соби
(45-63m²; две спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице),
Suite Villa
(54-61m² макс. 4 лица),
Granada Villa
(205 m², макс. 6 лица).
Во сите соби има сопствено купатило со туш кабина, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво, чоколади, се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитска и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено – храна и пијалоци 24 часа- пијалок за добредојде, појадок, доцен појадок, ручек, диетален оброк, полноќен оброк, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, пецива, бар покрај базенот, snack bar, храна за деца за време на главните оброци. Премиум пијалоците, квалитетни вина, Француски шампањ, A’la Carte ресторани со претходна резервација, собна послуга, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан шведска маса, A’la Carte ресторани: Steak House, VIP A’la Carte, Mediterranean, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, internet café и компјутерски игри, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплатуваат.WI-FI бесплатно во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 1.75 км оддалечена од хотелот (редовно има бесплатен превоз) со чадори, лежалки, пешкири бесплатно. Приватните павиљони се со претходна резевација и се наплаќаат дополнително.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, еден базен за возрасни (18+) со солена вода, водени лизгалици, Турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, опрема за тенис, кошарка, одбојка, пинг понг, билјард, бесплатно. Масажи, SPA и Wellness центарот, водени спортови, куглање, осветлување на тениските игралишта, игротека, дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програма навечер, жива музика три пати неделно, кино. Мини клуб за деца од 4-12 год. и клуб за тинејџери од 13-16 год.