fbpx
Book Now!
atl*trs*kav


СОКО БАЊА – СРБИЈА
ХОТЕЛ Nataly Spa 3*** и Konak Nataly 4****

 Хотелот „Nataly Spa“ се наоѓа во срцето на Сокобања, оддалечен само 100 метри од прочуеното мермерно шеталиште. Содржи 14 луксузно опремени апартмани во објектот А и четири апартмани во објектот B – Konak Nataly Spa. Хотелот располага со модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан каде се служи појадок и вечера и ala carte оброци. Ресторанот е опремен со видео бим и проектор, така што може да ги задоволи потребите на гостите за презентација за време на семинарите. Сите услуги им се достапни на гостите секој ден од 09-21 часот. Користењето на Спа центарот е ограничено на 90 минути во текот на еден ден по лице. Неопходно е терминот за користење на Спа центарот да го резервирате на рецепција, исто како и услугите за масажа. Децата помлади од 12 години мора задолжително да бидат под надзор на родител или старател.



Напомена: Сместувањето во Konak Nataly  е во стандардни апартмани.


Цените се изразени по лице од ден според категоријата на апартманот и видот на услугата.

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање со појадок или полупансион
  • Туристичка такса
  • Целодневно користење на базенот
  • Користење на спа центарот: сауна, парно купатило, џакузи, солена соба, тропски туш, тепидариум, кнејп клупа
  • WI-FI
  • Паркинг
  • Клима уред

  • Деца до 5 години за услугата ноќевање со појадок во придружба на две возрасни лица се гратис, делат кревет заедно со возрасните и плаќаат само осигурување 10 динари дневно.
  • За услугата полупансион деца од 0-3 години се гратис, деца од 3-5 години имаат гратис сместување и појадок, доплата за вечера 3 евра.
  • Деца од 5-12 години имаат 50 % попуст, имаат сопствен кревет и храна во зависност од избраната услуга
  • Доколку во еден апартман престојуваат едно возрасно лице и едно дете до 5 години, се наплаќа по ценовникот за едно возрасно лице во зависност од избраната услуга.
  • Доколку сакате да имате доцна одјава од хотелот до 15 часот, доплаќате 13 евра (услугата можете да ја користите доколку во моментот има слободни капацитети во хотелот)
  • Во цената не е пресметана услугата масажа. Истата се наплаќа по важечкиот ценовник во спа центарот.

Плаќање исклучиво  во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари