Duration: 06.03.2025
Price: 449€ Рана резервација до 31.01.2025 : 399€
Book Now!
аут


ИСТАНБУЛ за ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
06.03.2025 – 09.03.2025 | 3 ноќевања
Авионска програма


1 ден. ( 06.03.2025 ЧЕТВРТОК ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:45 часот. Лет за Истанбул во 12:45 часот со авиокомпанијата Ajet Airlines . Пристигнување во Истанбул во 16:20 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата и живописна улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, прошетка до Галата Кула, слободно време за шопинг или релаксирање со вкусно турско кафе, чај, локум, баклава.. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (07.03.2025 ПЕТОК ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството, Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Прошетка и слободно време по живописната, шарена и фотогенична населба Балат. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Посета на продавница за различни сувенири, локуми, баклави, кафе и турски чај. ПРЕДЛОГ
ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – Прослава за денот на Жената со Ноќно крстарење и ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД! Целовечерно крстарење по Босфор, под спектакуларните мостови кои што ја поврзуваат Европа со Азија, проследено со целовечерна забава, музика и шоу, со неограничени пијалоци и вкусни турски специјалитети. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ( 08.03.2025 САБОТА ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Разглед на Аја Софија од надвор – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед на познатата Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. Ноќевање.

4 ден (09.03.2025 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување на собите согласно хотелските правила. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 12:05 часот по локално време . Пристигнување во Скопје во 11:35 часот по локално време.


Цена по лице во двокреветна соба – 449 €
Early Booking цена по лице за резервации до 31.01.2025 – 399 €


Цена за еднокреветна соба или за 3то лице во соба – на барање


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Ajet Airlines.
  • Аеродромски такси, рачен багаж до 8 кг (чекиран со доплата, на барање).
  • Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот централен дел на Истанбул.
  •  Панорамски разглед со превоз и локален водич – ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА И БАЛАТ.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето од Македонија.
  • Организирани трансфери во Истанбул: аеродром – хотел – аеродром.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Чекиран багаж – информации во Агенција
  • Дополнителни оброци и пијалоци
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
  • Факултативни посети, излети и влезници – задолжително пријвување во агенција, пред почеток на аранжманот.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Влезница за Долмабахче Палата 45 €
  • Дневно крстарење по Босфор 25 €
  • Султанахмет пешачка тура (Аја Софија надворешен разглед, Сина Џамија, Хиподром) Топкапи Палата, Црква Аја Ирини и
    Харем, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич 85 € , без влезница за Топкапи Палата – 35 €
  •  Турска Вечер – Ноќно крстарење по Босфор со многу забава, шоу, традиционални танци. 50 € со неограничени
    безалкохолни пијалоци; 60 € со неограничени алкохолни пијалоци. Трансфер од/до хотелот е вклучен во цена.
  • ПАКЕТ факултативи: 200 €

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници,
    организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  •  Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може
    да биде соодветно корегирана.
  •  За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна
    петнаесет (15) дена пред поаѓање.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
    објективни причини.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на
    влезниците во локалитетите.
  •  Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја
    промени и цената на аранжманот.