ИЗМИР (Со посета на Алaчати, Чешме, Ефес)
авионска програма
Термин: 06.03.2025-09.03.2025
Прв ден: 06.03.2025 (Четврток)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 16:10 часот и слетување во 19:25 часот локално време. Трансфер од аеродром до хотел и сместување. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.
Втор ден: 07.03.2025 (Петок)
Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на клубот на јахтите на Чешме. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.
Трет ден: 08.03.2025 (Сабота)
Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА. Посета на античкиот град Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Посета на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на куќата на Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука кај ѕидот на желбите ќе имате можност да ги напишете вашите желби за љубов, здравје и среќа. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален турски ресторан. Попатна посета на православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен и редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.
Четврти ден: 09.03.2025 (Недела)
Појадок. Панорамски разглед на градот. Во 09:00 часот започнува организирана претпладневна тура со разглед на градот со автобус, како и пешачка тура низ Измир, градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за индивидуални активности како и прошетка по Алеа Кордон со кафе и локум со прекрасен поглед кон морето. Заминување и трансфер кон аеродром во 13:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 16:10 часот. Пристигнување во Скопје во 15:25 часот локално време.
Промо цена за резервации до 04.02.2025: 325€
Редовна цена на аранжманот – 355€
Цената е валидна се до пополнување на места во авион и во хотел (ограничен број на места)
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомени и услови: