Карневал во ВЕНЕЦИЈА
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
01. Март (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување за Венеција во 21:20 и слетување во 23:05 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Ноќевање.
02. Март (Недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Организиран разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Прошетки и уживање во карневалската атмосфера, покрај ревиите со оригиналните карневалски костими. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
03. Март (Понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
04. Март (Вторник) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 23:35 и слетување во 01:15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: