Duration: 07.12.2024
Price: 185€Промо цена до 10.11.2024 : 149€
Book Now!
ст*ф


8-МИ ДЕКЕМВРИ ЛУКОВСКА БАЊА


07.12.2024 (САБОТА) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*.Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

08.12.2024 (НЕДЕЛА) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови ). Вечера. Ноќевање.09.12.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)-ЛУКОВСКА БАЊА –
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжман :185 евра
 Промо цена за резервации до 10.11.2024 : 149 eвра 


Вклучено во цената :

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса    https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
  • Користење на отворено – затворен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
  • Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
  • Туристичка такса

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

  • Дете до 6.99- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
  • Дете 6-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
  • Трет возрасен на дополнителен кревет  плаќа полна сума
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден за две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.