Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 10.12.2022 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 159€
ПРОМО ЦЕНА на аранжманот за комлетна уплата при резервација – 139€
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Јелак 3* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (со класично послужување).
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
– Користење на сала за забава и рекреација.
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 80€/ 4.960ден (на барање)
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 159€/9.858ден
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Ви Травел .