МАЛТА 17.01 – 20.01.2025
1 ден: (17.01 петок) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:00 часот. Полетување за Малта во 17:00 ч. Пристигнување во Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Слободно време за активности по желба. Ноќевање.
2 ден: (18.01 сабота) ЛА ВАЛЕТА – МДИНА
Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.
Посета на Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, Враќање во хотел. Ноќевање. .Враќање назад во хотел.Слободни активности. Ноќевање.
3 ден: (19.01 недела ) ОСТРОВОТ ГОЗО
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Главен град на островот е Victoria во минатото познат како Rabat, кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚.Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров.., главниот град … Попладне враќање во хотел.Слободни активности. Ноќевање.
4 ден: (20.01 понеделник ) ТРИТЕ ГРАДА –МАРСАШЛОК – СКОПЈЕ
Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Посета на шармантното, традиционално, рибарско село Марсашлок – познато по преубавата глетка, по пазарот за риба, рибните ресторани… Тука ќе ги видите живописно обоените чамци насликани со очи на лакот – наречерни Luzzu кои често се сметаат за симбол на Малта. Организиран трансфер до аеродром во 16ч30. Полетување за Скопје во 19.35 часот. Слетување во 21:20 часот.
РАНА УПЛАТА – 349 EВРА
РЕДОВНА ЦЕНА – 399 ЕВРА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Напомени: