Book Now!

Локација: Почуствувајте го вистинското египетско гостопримство во овој хотел кој се наоѓа на самата плажа во центарот на Хургада на само 13 км од меѓународниот аеродром во Хургада.
Соби: Хотелот содржи 270 стилски соби и апартмани. Специјално креативно дизајнираните соби имаат мешавина од боемски стил и удобност. Сите соби се опремени со телефон, мини-фрижидер, клима уред и телевизор со сателитски канали. Секоја соба има бања со туш, фен за коса ,Wi-Fi  и балкон или тераса.
Содржини: Овој хотел, кој е прв хотел во Египет изграден во clubbing/boho стил,  нуди вистински египетскo гостопримство, еклектичен амбиент и различни објекти за релаксација и уживање. Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа на Црвеното Море. Во рестораните и баровите во хотелскиот комплекс можете да уживате во вкусни оброци и голем избор на пијалоци. Угостителската  понуда (главен ресторан Munchery, 7 различни à-la-carte ресторани) ќе го задоволи вкусот на сите гости  Во склоп на овој хотелски комплекс има 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се релаксирате дегустирајќи прекрасни коктели на крајот од денот.


Напомени : 

  • Цените се вкупна цена по лице за дадените термин за Std Room garden view 2adl /максимум 2 лица
  • За + ноќевања, друг термин или дополнителен број на лица ( инфо во агенција )

Цените вклучуваат

  • Чартер лет Скопје – Хургада – Скопје
  • Чекиран багаж 20 кг по лице + 7 кг рачен
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Аеродромски такси